Во Турција отворена онлајн-продажба на руинирана православна црква

"Во Турција отворена онлајн-продажба на руинирана православна црква"

Руинирана православна црква од 18 век во градот Кајсери, Турција (во минатото, Кесарија Кападокиска) е поставена на онлајн-продажба од страна на еден локалец, Омер Сиџимоглу, кој го купил објектот во 2013 година. Според турската новинска агенција „Анадолија“, моменталниот сопственик смета дека станува збор за важен споменик на културата што би можел да биде возобновен. „Во најдобар случај, би сакал црквата да биде купена од човек кој би се заложил да ја возобнови“, истакнал г. Сиџимоглу.

Инаку, продажбата е отворена на интернет и почетната вредност на црквата е 450 000 евра.

Извор: Прототема.гр