Во саботата (15.03.2014г.) од Москва се емитувале онлајн духовни разговори со родители на деца со хендикеп. Подготовката и реализацијата на овој бродкаст ја извршил старешината на црквата на сите Светии во Красноје Село во Москва и член на Здружението на руски писатели, протопрезвитерот Артемиј Владимиров, пренесува порталот Miloserdie.ru.
Главната тема на разговорите било прашањето на верата како клуч за спасение на душата, но и избавувањето од унинието и безнадежноста, нешто што за овие луѓе претставува секојдневен предизивик. Родителите на децата со посебни потреби, согласно потребите за духовно раководење, ги упатиле своите прашања кон свештениците. На крајот, отец Артемиј одговорил на најчестите и најгорливите прашања, меѓу кои биле следните:
– Зошто е потребна верата, кога можеме да живееме „според совеста“?
– Како може човек кој бил воспитуван во атеистичко семејство да ја најде верата?
– Како може верата да му помогне на едно семејство со сериозно болно дете, кога за тоа семејство секој ден е борба и едноставно „нема време за вера“?
Извор: Pravoslavie.ru