Киевскиот Митрополит г. Онуфриј го посети рускиот светогорски манастир „Св. Пантелејмон“

"Киевскиот Митрополит г. Онуфриј го посети рускиот светогорски манастир „Св. Пантелејмон“"

Неговото Блаженство, Митрополитот Киевски и Украински г. Онуфриј, заедно со Хотинскиот Епископ г. Евсевиј го посети рускиот манастир на Светиот Пантелејмон на Света Гора. Пред манастирските порти гостите ги пречека катигуменот на манастирот, архимандритот Јеремија заедно со монашкото братство. Во манастирскиот католикон беше отслужен Акатист кон казанската икона на Мајката Божја, а Претстојателот на Украинската Црква принесе усрдни молитви за мир во Украина. На крај, Блаженејшиот Митрополит го одликуваше архимандритот Јеремија со највисокото одликување на Украинската православна црква – Орден на светиот апостол Андреј Првоповикан.

Извор: УПЦ-МП