Опожарен единствениот православен манастир во Финска

"Опожарен единствениот православен манастир во Финска"

Ново-Валаамскиот Спасо-Преображенски машки манастир, единствената православна обител на територијата на Република Финска бил опожарен пред неколку дена (ноќта на 22 јануари). Целосно изгореле две згради. Сепак, главната манастирска зграда останала незафатена од огнената стихија, соопштува финскиот информативен протал YLE.

Пожарот бил локализиран од противпожарни екипи од три региони, како и од Северна Карелија.

Извор: pravoslavie.ru