Во четврток, на 6 февруари 2014 година во градот Лахоре, Пакистан, се изврши осветување на првиот православен храм во Пакистан. Основањето на парохијата и изградбата на црквата е плод на мисионерските напори на отец Јован (Џон) Танвер, но и залагањето на отец Мартин Рици, Извршен директор на Православниот христијански мисионерски центар, преку кого се изврши анонимна донација која пак, го овозможи купувањето на земјиште и изведбата на градежни активности.
Чинот на осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Сингапур г. Константин, во сослужение на отец Јован и отец Мартин. На осветувањето беа присутни бројни православни верници, локалните муслимански власти, како и дипломатски претставници од православните земји.
Извор: orthodoxpakistan.org