На 2 август годинава, со големи свечености, се освети црквата на Воскресението Христово во центарот на Поградец, соседна Албанија. Осветувањето го извршија Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и Албанија, г.г. Анастасиј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит на Корча г. Јован и Неговото Преосвештенство, Епископ на Амантија, г. Натанаил. На осветувањето присуствуваше верен народ и свештенство од Корчанската и соседните епархии.
Осветувањето се совпадна со 22-годишнината од востоличувањето на Архиепископот Анатстасиј и воскреснувањето на Албанската православна црква. Во пригодното слово што Неговото Блаженство го изрече на Архијерејската Литургија, меѓу другото, го поздрави духовниот напредок на Црквата во Албанија, која воскреснала од пеколот на комунистичкиот прогон: „Силата на верата е најдобра поддршка во надминувањето мачните моменти низ кои минува нашето општество. Како синови на Воскресението, ние сме повикани на вистинска и несебична жртва. Црквата се бори со современите болести на расипаност, вкоренети во егоцентричноста“.
Тој потоа ја изрази својата благодарност до Митрополитот Јован од Корча, за неговото големо дело во борбата за обновување на автокефалната Црква во Албанија.
Извор: Албанска православна црква