На 20 февруари, ден кој беше прогласен за Ден на жалост во Украина поради смртта на 28 луѓе за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Киев, братството од Киево-Печерската лавра се помоли за покој на жртвите и помирување на завојуваните страни во Украина. По отслужената Божествена Литургија во црквата на Зачнувањето на света Ана, братството отслужи панихида, вознесувајќи молитви за загинатите во вооружениот конфликт. Панихида, исто така, беше совршена и во католиконот на манастирот.
Извор: pravoslavie.ru