Кон крајот на ноември, Папата Франциск ќе го посети Фанар

"Кон крајот на ноември, Папата Франциск ќе го посети Фанар"

Посета на Свештената Константинополска катедра од страна на Папата Франциск е неофицијално најавена за крајот на ноември, пренесуваат црковните медиуми. Според истите извори, посетата била договорена на претходната средба во Ватикан, во јуни годинава.

После продолжувањето на контактот со Ватикан, и кревањето на анатемите во 1965 година, средбите меѓу високи делегации од Константинопол и Рим на патроните празници се редовна пракса. Слични посети во Истанбул имаат остварено и претходните неколку папи – Бенедикт XVI, Јован Павле II и Павле VI. Годинава, делегација од Вселенската Патријаршија предводена од Пергамскиот Митрополит г. Јован присуствуваше во Ватикан кон крајот на јуни, на прославувањето на св. апостоли Петар и Павле. На 29 и 30 ноември, пак, се очекува Римскиот Папа да присуствува на одбележувањето на споменот на св. ап. Андреј Првоповикан, патрон на Константинополската Архиепископија.

Доколку се оствари оваа средба, таа ќе биде дури трета годинава – после средбите во Ерусалим во мај, и во Ватикан во јуни годинава.

Извор: Amen.gr