Парохија на Московската Патријаршија во Мексико Сити

"Парохија на Московската Патријаршија во Мексико Сити"

Во согласност со договорот меѓу Архиепископот Елистински и Калмицки Јустинијан и римо-католичкиот поглавар на Мексико, Архиепископот Норберо Ривера Карера, а со допуштение на Патријархот Кирил, римо-католичкиот храм посветен на Зачетието на света Ана со Пресвета Богородица од 17 век беше предаден на привремена слободна употреба на парохијата на РПЦ-МП, Покров на Пресвета Богородица. Договорот беше постигнат за време на состанокот меѓу Митрополитот Волоколамски Иларион и римо-католичкиот поглавар во јануари годинава.

На 27 јули, Архиепископот Јустинијан во сослужение на Архиепископот на Мексико Сити и Мексико, Алексеј (Православна црква во Америка), ја отслужи првата архијерејска Божествена Литургија во црквата. Меѓу присутните, на богослужбата беше и Едуардо Лозано, намесник на римо-католичката епархија во Мексико Сити и ректор на римо-католичката богословија.

После Литургијата, Архиепископот Јустинијан го поздрави ценетиот гостин во името на русофоната православна заедница, заблагодарувајќи му се за неговата помош во воспоставувањето на парохија на Московската Патријаршија во срцето на главниот град на Мексико.

Извор: Московска Патријаршија