Порака со сочувство од Патријархот Московски Кирил за упокоението на архимандритот Методиј (Петров), монах во Валаамскиот манастир

"Порака со сочувство од Патријархот Московски Кирил за упокоението на архимандритот Методиј (Петров), монах во Валаамскиот манастир"

arhimandrit metodij petrov

До Неговото Преосвештенство, Преосветениот Панкратиј, епископ Троицки, викар на Патријархот Московски и на цела Русија, игумен на Спасо-Преображенскиот Валаамски ставропигијален манастир.

До браќата на манастирот

Ваше Преосвештенство!

Драги браќа во Христа!

Ви изразувам најдлабоко сочувство во врска со починувањето на населникот на манастирот – архимандритот Методиј (Петров). Искрено сочувствувам со вас и со сите кои го знаеја и го љубеа починатиот.

Отец Методиј беше од оние монаси чија љубов кон луѓето и постојаната желба да им носи добро, да постапува по зборовите на апостолот Павле „Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат“ (Рим 12, 15), беше очевидна за сите наоколу. Имено преку таквите предани на Христа и на Неговата Црква монаси во минатото се крепела и денес се утврдува светото Православие, расне во човечките души жедта за Божјата правда и стремежот да се посветат себе си на монаштвото на оние кои бараат да бидат вброени кон монашкото братство.

Тој беше силен пример на монашкото служење на светот, образец на животот според Евангелието. Починатиот беше способен да одговори со својата љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Имено затоа кон него и одеа луѓето, сакајќи да се згреат околу него од топлината на неговата нелицемерна христијанска вера.

Со својата искрена љубов и сеопфатна гостопримливост тој во манастирот ги привлекуваше не само верниците, туку и светските луѓе кои го посетуваа островот за да се запознаат со историјата и современоста на манастирот. За многумина тој беше лицето на Валаам, и во голем степен благодарејќи на неговите усилија гостите на островот неретко постануваа постојани верници на тој духовен центар на руското Православие.

Тој беше пример на умеењето да дејствува според заповедта на Светото Писмо: „секогаш барајте добро еден на друг, и на сите! Секогаш радувајте се! Молете се постојано! Благодарете за сé!“ (1 Сол 5: 15, 18).

Често образот за монахот кој се запечатил во сознанието на нашите современици, – тоа е подвижник кој се стреми кон оддалечување од светот, кој бара осаменост, суров аскет. Тоа, несомнено, соответствува со идејата на монаштвото. Притоа о. Методиј со својот подвиг на љубовта ни покажа дека имено благодарејќи на таквиот образ на живот возможно е да се постигне главното – приопштувањето на луѓето кон верата и благочестието.

Искрено сведочам од длабочината на душата, дека не само за сите вас, но и за мене ова е голема загуба, исто како и за голем дел од луѓето кои го познаваа добриот пастир.

Дај Бог, споменот за овој голем претставник на современото монаштво да се чува благовејно во манастирот и во срцата на православните христијани. Од длабочината на исполнетото со тага срце вознесувам молитви кон Владиката на животот и смртта, кон Господ Исус Христос, Он да го упокои во Небесното Царство Својот верен слуга, чиј цел земен пат беше воплотување на Христовата заповед: „Да се љубите еден со друг, како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг“ (Јн 13, 34).

Вечен и блажен спомен на нашиот починат собрат архимандрит Методиј!

+Кирил, Патријарх Московски и на цела Русија

Извор: Патриаршее соболезнование в связи с кончиной архимандрита Мефодия