На средбата во Москва меѓу Патријархот на Москва и цела Русија, Кирил, и сирискиот амбасадор Ријад Хадад, Патријархот Кирил истакнал дека Сирија има доволно мудрост и волја за да ја надмине војната која се води против неа.
На средбата, меѓу другото, Патријархот ја изразил неговата благодарност кон владата во Сирија за дадениот придонес кон ослободувањето на монахињите од манастирот на св. Текла во Малула: „Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот Башар ал-Асад. Знам дека сириската влада одигра одлучувачка улога во ослободувањето на монахињите“. Тој исто така го посочи примерот на Руската православна црква и граѓанските здруженија кои постојано испраќаат помош на народот во Сирија, без разлика на нивната верска припадност.
Неговата Екселенција, г. Хадад информираше дека сириското население е соочено со терористички судири уште од 2011 година. Според него, во овој период биле уништени 98 цркви, и биле убиени голем број христијани, а терористите уништиле исто така и 1900 џамии и 4600 училишта.
Извор: Sana.sy