Рускиот Патријарх Кирил: Ситуацијата во Украина е слична на онаа со т.н. „Арапска пролет“

"Рускиот Патријарх Кирил: Ситуацијата во Украина е слична на онаа со т.н. „Арапска пролет“"

На средбата меѓу Патријархот на Русија Кирил и Коптскиот Папа Теодор II, Патријархот ја споредил ситуацијата во Украина со онаа од т.н. „Арапска пролет“: „Ќе зборуваме за ситуацијата во Украина која наликува на она што се случуваше на Блискиот Исток, и за гонењата на претставниците на нашата Црква во таа земја. Ние зазедовме мирољубив став, обидувајќи се да ги помириме страните вклучени во конфликтот, и се надеваме дека напорите кои се влoжуваат од различните страни ќе доведат до крај на крвопролевањето и воспоставување на мир.“

Според Неговата Светост, еден конфликт може да биде разрешен тогаш „кога сите страни во конфликтот се задоволни со донесените одлуки.“

Во истиот тон, Патријархот продолжил: „Свесни сме дека она што беше наречено Арапска пролет стана пекол за христијанското население. Со Божја благодат, Египет излезе од ваквата ситуација, поднесувајќи големи жртви.“ Потоа се навратил на периодот од 2011 до 2013 година, кога Коптите во Египет се нашле „во најтешка ситуација, и се соочиле со отворен прогон, разрушување на храмови и убиства, што резултираше со масовно напуштање на Египет од страна на Коптите.“ Од страна на Руската Црква, потсетил Патријархот, постојано било апелирано да престане прогонот на Христијаните во Египет.

Извор: Правмир