До С.А. Боженов, гувернер на Волгоградската област
Почитуван Сергеј Анатолевич!
Со длабока тага разбрав за терористичкиот напад во Волгоград. Престапниците повторно ги нападнаа мирољубивите граѓани, надевајќи се дека ќе посеат страв и збунетост меѓу нивните сограѓани.
Терористите коишто сеат смрт и повреда им припаѓаат на различни нации и живеат во различни земји и региони, но се обединети преку идеологијата на омраза. Убеден сум дека Црквата, државата и граѓанските институции се повикани на соработка на секој можен начин, за да осигураат дека ваквата деструктивна идологија нема да најде место во нашето општество.
Се молам за покој на новопретставените и брзо опоравување на повредените. Ве молам да го пренесете моето сочувство до семејствата и блиските на упокоените, и до сите повредени. Нека вистинската грижа и помош за сите засегнати од оваа катастрофа ги обединат сите засегнати во една жестока опозиција на злото на теророт.
Со почит,
Кирил, патријарх на Москва и цела Русија
—
До Неговото Високопреосвештенство, митрополит Волгоградски и Камишински г.Герман
Ваше Високопреосвештенство!
Со тага ги примив новостите за последниот терористички напад, поради кој животот го изгубија и беа повредени десетици мирољубиви жители на градот Волгоград.
Терористите, нанесувајќи им удар на невини луѓе, ја потхрануваат својата залудна надеж за застрашување на нашите сограѓани, кршење на нивниот дух и сеење на смут во земјата.
Цврсто верувам дека волјата на престапниците нема да се исполни, бидејќи нашите луѓе, верни на принципите на мир и вистина, ќе се спротивстават.
Ве молам духовно да ги поддржите сите оние коишто пострадаа и сите оние коишто се засегнати од оваа трагедија. Тие се наоѓаат во посебна потреба за помош и утеха од Црквата.
Исто така, би сакал да нагласам дека Руската православна црква, грижејќи се за промоција на мирот и граѓанскиот поредок, соработува со традиционалните муслимански организации коишто се противат на агресивното толкување на исламот. Тука спаѓа Централната духовна администрација на руските муслимани, чиишто поддржувачи живеат во волгоградскиот регион. Ве молиме да ја охрабрите Вашата паства добро да се однесува кон овие луѓе.
Се молам со вас за упокојување на православните христијани погинати во овој терористички напад, просејќи од Господа милост и сила за сите пострадани и оние со загуби.
Со љубов во Христа,
Кирил, патријарх на Москва и цела Русија
Извор: pravmir.ru