Патријархот Кирил се сретна со роднините на загинатите службеници на полицијата и железницата

"Патријархот Кирил се сретна со роднините на загинатите службеници на полицијата и железницата"

На 3 февруари 2014 година, по завршувањето на службата во Казанскиот соборен храм во г. Волгоград, Неговата Светост Патријархот Московски и Серуски Кирил се сретна со роднините на службениците на полицијата и руската железница, кои што погинаа при обидот на спречување на терористичкиот акт на железничката станица во Волгоград.

На средбата беа присутни мајката и братот на постариот водник на полицијата Д. А Маковнин, сопругата и родителите на инспекторот на Одделот за проверка на патниците на железничката станица на г. Волгоград Д. Ју. Андреев. Исто така присуствуваа и губернаторот на Волгоградската област С. А Боженов и Митрополитот Волгоградски и Камишински г. Герман.

Поглаварот на Руската Црква се обрати кон роднините на постариот водник, кој на 29 декември 2013 година, наоѓајќи се во патролата при влезот во зградата на волгоградската железничка станица, пробал да сопре еден сомнителен човек, кој бил терорист и погинал при експлозијата.

„Целата држава во тој чекор на средба со смртта ја увиде готовноста на човекот да го исполни својот долг, – рече Неговата Светост Патриархот Кирил. – Дај Боже кај нас секогаш така да биде, а не поинаку; да бидеме готови да ги заштитуваме другите, а не да бегаме, спасувајќи го сопствениот живот”. Од него лично, Патријархот Кирил на семејствата на погинатите им врачи финансиска помош .

Извор: patriarchia.ru