Патријархот Кирил испрати порака со сочувство до Санкт-Петербуршкиот Митрополит

"Патријархот Кирил испрати порака со сочувство до Санкт-Петербуршкиот Митрополит"

Патријарх Кирил

Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил испрати порака со сочувство Високопреосветениот Митрополит Санкт-Петербуршки и Ладошки, и до гувернерот на Санкт Петербург, г. Г.С. Полтавченко. Во неа се вели:

Ваше Високопреосвештенство!
Почитуван Георгиј Сергеевич!

Со голема болка во моето срце ја примив веста за експлозијата што денес се случи во Санкт-Петербуршката Митрополија.

Извршениот дрзок престап не може да има никакво оправдување. Руската Православна Црква решително го осудува овој агресорски чин против мирните граѓани и го повикува целото општество да одолее на ова насилство.

Го изразувам моето искрено сочувство на роднините и ближните на погинатите. Го повикувам свешнтеството од Санкт Петербург да им укаже секаква неопходна духовна помош и поддршка на сите до кои се докосна оваа несреќа.

Болката што денес ја чувствуваме за погинатите да ја ублажиме со срдечна молитва, поткрепени од зборовите на нашиот Господ Исус Христос: „Kој го слуша словото Мое и верува во Оној, Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, а преминал од смрт во живот“ (Јн. 5,24).

Се молам Седржителот да ја испрати Својата изобилна помош врз спасителите, медицинските работници, полициските службеници и сите оние што вложуваат труд за надминување на последиците од оваа катастрофа. Принесувам молитва кон Создателот на сите за поскро исцеление на ранетите и упокоение на душите на новопретставените Негови слуги во небесните селенија, „каде пребиваат праведните“.

Со длабоко сочувство,
+ КИРИЛЛ, Паријарх Московски и Руски

Извор: Московска Патријаршија