Патријархот Кирил – Патријарх на сите северни земји

"Патријархот Кирил – Патријарх на сите северни земји"

На конференција за печат одржана кон крајот на семптември годинава, Неговата Светост, Патријархот Кирил одговарал на новинарски прашања. Особено внимание било посветено на развојот на самата Патријаршија. Било споменато дека со создавањето на Патријаршијата во 1589 г., од страна на сите источни патријарси, титулата што му била доделена на рускиот Патријарх била „Архиепископ Московски и Патријарх на сите северни земји“. Оваа титула била користена до неканонското прекинување на Патријаршијата од страна на Петар I. Неговата Светост објаснил дека зборот „Патријаршија“ не означува еднонационален ентитет, јурисдикција единствено врз една етничка група (како што денес погрешно се разбира тоа), туку канонска јурисдикција врз одреден дел од светот. Како пример била наведена Римската Патријаршија која до 1054 г. имала јурисдикција врз мултинационалната Западна Европа.

Било објаснето дека истото важи и за Константинополската Патријаршија, која има јурисдикција врз сега веќе непостоечкото Византиско Царство, потоа Александрискиот Патријарх чија Патријаршија има јурисдикција врз земјите јужно од Царството (Африка) и Антиохискиот Патријарх чија Патријаршија има јурисдикција врз земјите што се наоѓале на исток од Царството.

Патријархот Кирил дополнително појаснил дека по шизмата со Патријархот (Папа) Римски, тој бил заменет со „Патријархот Московски, Руски и на сите северни земји“. Според неговите зборови, штом оваа титула никогаш не била поништена, таа продолжува да важи и до денешен ден. Ова пак би значело, завршил Патријархот, дека тој е должен да внимава на добросостојбата на сите народи кои се наоѓаат под негова јурисдикција.

Извор: Православна Англија