Патријархот Московски и Руски Кирил побара од ирачкиот Претседател, г. Фуад Масум да се вмеша во состојбата со која се соочуваат ирачките Христијани. Во писмото испратено до Претседателот, Патријархот Кирил нагласува: „Ирачките Христијани се во една состојба слична на очај, и многумина од нив размислуваат за можноста да го напуштат не само Ирак, туку и целиот Близок Исток засекогаш. Исчезнувањето на христијанството од овој древен регион ќе има поразителни последици врз целиот свет. Стотици илјади ирачки Христијани и членови на други религиски заедници беа принудени да ги напуштат нивните домови пред заканата од милитантите. Животите на овие бегалци, останати без било каква своина, претставува една хуманитарна катастрофа.“
Во писмото, Патријархот го актуелизира и прашањето за поранешниот Министер за надворешни работи на Ирак, г. Тарик Азиз, кој цели 11 години е во затвор, и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз ирачките власти за негово ослободување.
Извор: Интерфакс