Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил изјавил дека денешна Русија треба да се гради врз темелите на сето она што било добро и се истакнувало како такво од советско време. „Кога и да зборуваме за советските времиња, имаме два табори: едните ги идеализираат нештата, другите ги демонизираат. Доколку се запрашаме дали има нешто што било создадено од тоа време, а што би можеле храбро да го прифатиме и вклопиме во нашата животна философија, одговорот би бил – солидарноста“, изјавил Патријархот.
Патријархот Кирил потсетил дека не треба да се заборават достигнувањата на руското општество од советско време, и тоа „не само воените достигнувања“.
– Што е со Комсомолците (комунистичката младина) кои работеа на нивите, градеа железници, и сето тоа без никаква награда или привилегии? Се работи за една смисла за заедништво, за една желба за обединување на напорите и правење нешто добро за својата земја – изјавил поглаварот на Русата Црква, заклучувајќи дека идејата за сплотеност и сеќавањето на историјата, но и заштитата на националното наследство пред обидите за фалсификувања „мора да бидат основни вредности за соработка меѓу политичките партии.
Извор: Московска Патријаршија