Патријархот Вартоломеј со честитки до новоизбраниот турски претседател Ердоган

"Патријархот Вартоломеј со честитки до новоизбраниот турски претседател Ердоган"

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј упатил честитки до Н. Е. г. Реџеп Тајип Ердоган по повод неговата победа на претседателските избори во Турција. Според соопштението од Информативната служба на Вселенската Патријаршија, во понеделник, 11 август, Неговата Сесветост испратил порака со честитки до 12-иот Претседател на Република Турција во име на Вселенската Патријаршија, со желби за успешно извршување на високите задачи на оваа висока функција.

Извор: Догма