Г. Павел, нов егзарх на Црквата во Белорусија

"Г. Павел, нов егзарх на Црквата во Белорусија"

Г. Павел, митрополит на Рјазан и Михаилов, е назначен за нов Митрополит на Минск и Слуцк, и егзарх на цела Белорусија, информираше деновиве Московската Патријаршија. На ова место г. Павел доаѓа како наследник на досегашниот митрополит г. Филарет, кој пред само неколку дена поднесе барање за вомировување.

Митрополитот Павел е роден во Караганда, на 19 февруари 1952г. Богословско образование стекнал во Москва, кадешто во 1980 година и докторирал. Во 1992г. бил назначен за епископ на Зараиск, и одговорен за патријаршиските парохии во САД и Канада. Во 1999г. бил назначен за епископ Виенски и Австриски, а во 2001г. станал архиепископ на Виена и Будимпешта. Во 2011г. бил назначен за митрополит на Рјазан и Михаилов.

Извор: http://news.belta.by/