Во Петтата недела по Педесетница, на 13.07.2014 година, кога Црквата го празнува Соборот на светите и славни 12 апостоли, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Троица во Куманово и во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Александар Тодоровски.. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Собор на Светите 12 апостоли
"Собор на Светите 12 апостоли"