Собор на Светите 12 апостоли

"Собор на Светите 12 апостоли"

На 13.07.2017 година, кога Црквата го празнува Соборот на светите и славни 12 апостоли, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.