Педесетина цркви на Московската Патријаршија се уништени од украинската армија

"Педесетина цркви на Московската Патријаршија се уништени од украинската армија"

Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил неодамна изјавил дека околу педесетина цркви кои ѝ припаѓаат на Руската православна црква се или целосно уништени, или речиси разурнати како последица од воените дејствија на украинската армија од почетокот на вооружениот конфликт во земјата оваа пролет. Како што јавува Руската информативна агенција, Патријархот ги објавил овие факти за време на неговот говор пред студентите на Академијата за дипломатија на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Патријархот, меѓу другото, посочил: „Во моментов се води насилна опозициска кампања против нашата Црква – убиени се тројца свештеници, над десетина свештеници се притворени и измачувани, а голем број клирици се избркани од земјата.“

Говорејќи за трагичните настани во Украина, Претстојателот на Руската Црква нагласил дека Црквата постојано ја поддржува мировната иницијатива, го осудува крвопролевањето и неуморно ги повикува двете страни на дијалог и мир: „Денес во Украина нема ниту една друга мировна сила, освен Руската православна црква. Земајќи го предвид нашето историско искуство, ние не заземаме страна во овој граѓански конфликт.“

Извор: Правмир