На 09.06.2014 година, во понеделникот на Светиот Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во овој светол празник беше осветена и новата манастирска порта во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид.