Педесетница во Куманово

"Педесетница во Куманово"

На 04.06.2017 г., денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.