Петиција против „новата еклисиологија“ на Патријархот Вартоломеј од страна на Црквата во Грција и Кипар

"Петиција против „новата еклисиологија“ на Патријархот Вартоломеј од страна на Црквата во Грција и Кипар"

Во Грција било организирано собирање потписи во петиција преку која се критикуваат неодамнешните изјави на Неговата Светост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, пред самата посета на папата Франциск. Критиката е насочена кон неговите изјави во врска со природата на Православната Црква и нејзиниот однос со другите христијански деноминации и воопшто, со иноверните. Насловот на петицијата е „Новата еклисиологија на Вселенскиот патријарх Вартоломеј“. Автори на петицијата која е потпишана од неколку илјади верници, меѓу кои и шест епископи, свештеници и монаси од Грција, Кипар и Света Гора се неколку архимандрити и протојереи.

Во воведниот дел, авторите се осврнуваат на средбата меѓу Патријархот и папата во Ерусалим (мај 2014г.), и изјавите дадени при истата за кои се тврди дека се целосно туѓи на православната еклисиологија. Изнесено е и тврдењето дека преку истите се започнува ново, девијантно поглавје од животот и учењето на Православната Црква, со кое се погазуваат животите и преданието на светите отци.

Извор: Седмица.ру, Теодромиа