Свети апостоли Петар и Павле

"Свети апостоли Петар и Павле"

На 12.07.2017 година, кога Црквата ги прославува светите апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија, протоерејот-ставрофор Александар Смиљков беше одликуван со граден крст, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.