Писмо на местобљустителот на УПЦ, Митрополитот Онуфриј, до Претседателот на РФ

"Писмо на местобљустителот на УПЦ, Митрополитот Онуфриј, до Претседателот на РФ"

До Претседателот на Руската Федерација, Путин В. В.

Ваша Екселенцијо, Г. Претседателе,

Со правото што ми е дадено од Свештениот Синод, кој ме избра за местобљустител на Киевската митрополитска катедра, Ви се обраќам Вам од името на целата полнота на Украинската Православна Црква.

Денес нашата многустрадална Татковина, која сите ние подеднакво ја љубиме и ѝ посакуваме мир и напредок, е соочена со еден од најголемите предизвици во целата своја историја. После долгата внатреполитичка криза и човечките жртви, сериозна причина за загриженост претставува Вашата добиена дозвола за употреба на вооружените сили на Русија на територијата на Украина од страна на Федерацискиот Совет на Федералното Собрание на Руската Федерација. Многу малку нè дели од паѓањето во бездната, од којашто се излегува повеќе од една декада.

За време на посетата на Свјатејшиот Патријарх Кирил во Крим, ги слушнавме мудрите зборови за тоа дека, флотите на братските народи коишто се позиционирани на ова место никогаш не треба да гледаат еден на друг преку нишанот на оружјето.

Господ Ви одредил да владеете со една голема држава. Познавајќи Ве како православен христијанин, Ве молам: прекинете го човечкото страдање, спречете ја поделбата меѓу нашето Украинско општество и нашата Света Црква.

Денешната официјална реторика не е способна да го смири народот Божји, како оној кој живее на овој полуостров, така и во сите други делови од Украина. Непромислените зборови можат да имаат непредвидливи последици, и не дај Боже, да предизвикаат катастрофи. Ве повикувам, како чувар на законите на една голема земја, да застанете против поделбите, да не допуштите крвопролевање и војна меѓу братските народи, произлезени од едно заедничко крштение.

+Онуфриј,
Митрополит Черновицки и Буковински
Местобљустител на Киевската митрополитска катедра

Извор:orthodoxy.org.ua