Ваше Височество,
Со голема болка и жал ја примивме веста за трагичниот пад на малезискиот авион во Украина, и трагичната загуба на многуте животи на граѓани од Вашата земја, мажи и жени, млади и старци. Од страна на Вселенската Патријаршија, сакаме да упатиме најдлабоко сочувство до Вас, а преку вас, до лидерите и народот на Холандија, особено до семејствата на жртвите.
Се надеваме и се молиме фактите и причините за оваа катастрофа да бидат откриени што е можно побрзо, а срцата и рацете ги креваме кон Бога во височините, усрдно молејќи Го да ја испрати Неговата бесконечна милост над секоја една погодена душа, утешувајќи ги оние кои тагуваат поради загубата на нивните роднини. Нека Бог го прифати покајанието од човештвото, и нека не дозволи ниту една слична трагедија повеќе да се случи било каде во светот.
Во Вселенската Патријаршија, на 18-ти јули 2014 г.
Молитвен поздрав,
+Вартоломеј,
Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим
и Вселенски Патријарх
Извор: Вселенска Патријаршија