Почесен докторат за Вселенскиот патријарх

"Почесен докторат за Вселенскиот патријарх"

Истанбулскиот универзитет Боазичи (Boğaziçi Üniversitesi) објави дека по повод 150 годишнината од своето основање ќе додели два почесни докторати на две проминентни фигури од турското општество: на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, за неговото залагање во врска со прашањата за животна средина, и д-р Исмаил Бешикчи, за неговиот ангажман во курдското прашање.

Според универзитетските власти, патријархот го заслужил ова признание поради „неговата пионерска улога во неколку прашања од областа на заштитата на животна средина, како заштитата на еколошката рамнотежа и различност на живиот свет, овозможувањето на чиста вода за пиење и (зголемувањето на свеста за) климатските промени“.

Свеченото доделување ќе се одржи на 19 декември. Ова е прв пат на Неговата сесветост, патријархот Вартоломеј, да му биде доделено високо признание од некоја турска образовна институција.

Извор: Hurriyet DailyNews