Халдејскиот римо-католички надбискуп на Мосул (поглавар на ирачките Римо-католици) упатил предупредување до земјите од Западот од кое секој мора да затрепери, пишува Romfea.
Во него се тврди дека Христијаните во Европа и САД треба да очекуваат иста суровост и немилосрдност и исти прогони какви што денес трпат Христијаните од исламистите на групацијата Исламска држава, затоа што тие не ја признаваат еднаквоста на сите луѓе.
Такви се коментарите што се слушнале во интервјуто кое надбискупот Нона го дал за „Којер дела сера“. Мосулскиот архијереј моментално се наоѓа во прогонство во Курдистан, и го предупредува Западот на тоа дека тој ќе биде следната жртва доколку веднаш не преземе вонредни мерки за запирање и локализација на радикалниот Ислам.
– Нашите денешни неволји се само еден вовед во она што Европејците и западните Христијани ги очекува во најблиска иднина – истакнал архијерејот. – Треба повторно да размислите за сето она што се случува на Блискиот Исток, затоа што вие го поздравувате зголемувањето на бројот на Муслимани во вашите земји. Се наоѓате во иста опасност и треба да преземете сериозни и одлучни мерки, па дури и тоа да е во спротивност со политиката на власта.
Причина за ваквата изјава е, според надбискупот, тоа што Исламот не ја признава демократската власт и рамноправноста на сите луѓе не ја смета за нужна вредност.
– Вашите вредности не се нивни вредности. И доколку не го сфатите ова во најскора иднина, ќе бидете жртва на непријателот што сте го примиле во сопствениот дом.
Извор: Православие.ру