Појасот на Пресвета Богородица четири дена ќе престојува на островот Евија

"Појасот на Пресвета Богородица четири дена ќе престојува на островот Евија"

Светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица што се чува во светогорскиот манастир Ватопед, месецов ќе биде накратко пренесен надвор од Света Гора. На 24 октомври (сабота), старец Ефрем, игумен на манастирот, ќе го донесе појасот во црквата на Успението на Пресвета Богородица во градот Халкиди на островот Евија, северно од грчката престолнина. Светињата ќе пребива во црквата цел ден. Утредента ќе биде пренесена во митрополитската црква на св. Димитриј, каде ќе биде оставена до 28 октомври, по што повторно ќе биде вратена на Света Гора. За време на овие денови и двете цркви ќе бидат отворени деноноќно, ќе се богослужат Литургии и бденија, а на секои два часа ќе се служи и Молебен кон Пресвета Богородица.

Светиот Појас на Пресвета Богородица

Се смета дека ова е ретка и благословена прилика за сите оние кои не можат да појдат на Света Гора да се поклонат пред чудотворниот појас. Во минатото, многу чуда се случувале благодарение токму на верата на оние кои пристапувале кон овој чудотворен појас на Пресвета Богородица.

Извор: Православие.ру