Заврши поклонението на моштите на св. Марија Магдалена во Полска

"Заврши поклонението на моштите на св. Марија Магдалена во Полска"

Крајот на август го одбележа завршетокот на поклонението на моштите на св. Марија Магдалена, Рамноапостолна, и честиците од Живототворниот и Чесен Крст Господов во Полска. Организатор на овој настан од историско значење беше Асоцијацијата на православното братство на св. св. Кирил и Методиј, предводена од Извршниот претседател, г. Василиј Пивник.

Седмодневното поклонение на светињите беше овозможено со доаѓањето на светогорски монаси од свештениот Симонопетриски манастир во Полска, по што беа посетени сите поголеми православни центри во земјата, како Варшава, Бјелск Подласки, Клешчеле, Света Гора Грабарска; Хајновска, Свохи Анопољские, Звиерки, Бјалосток, Вроцлав и Лоѓ. Верниот народ и свештенството на Полската Црква насекаде приреди срдечен и достоинствен пречек. Според проценките, околу сто илјади луѓе се поклониле пред честиците од Чесниот Крст Господов и моштите на св. мироносица Марија Магдалена.

Извор: Полска православна црква