Помош од руските муслимани за настраданите во Волгоград

"Помош од руските муслимани за настраданите во Волгоград"

Духовниот муслимански борд во Москва и хуманитарната организација „Закјат“ отворија фонд за настраданите од терористичките напади во Волгоград. Отворена е посебна сметка за оваа цел, објави прес-центарот на Советот на муфтии од Русија. „Ќе организираме помош и посета за настраданите, како и крводарителски акции, доколку е тоа потребно. Тим на волонтери се подготвува да замине за Волгоград, и да им пружи помош на семејствата на жртвите“, се вели во соопштението.

Талгад Таџедин, претседателот на Централниот духовен муслимански борд предупреди за можни одмазнички напади врз муслиманското население во Русија, нагласувајќи дека сите треба да имаат на ум дека „мирољубивите, добри Муслимани не треба да станат мета на одмазнички напади. Луѓето коишто го следат (учењето на) традиционалните ислам на ниту еден начин не се поврзани со екстремистите“. Тој додаде дека муслиманите се трудат да го спречат ширењето на екстремизам, радикализам и тероризам.

Во двата последователни терористички напади во Волгоград вчера и денес (29 и 30 декември) погинаа 31, а десетици луѓе се повредени.

Извор: Interfax