Александар Клименков, градоначалник на градот Вјазма од април 2012 до јуни 2014 година, e ракоположен за свештеник, и е поставен како свештенослужител во црквата на Покровот на Пресвета Богородица, црква којашто била обновена по негова иницијатива, во близина на Вјазма (Смоленска епархија). Според локалните медиуми, отец Александар е позната личност во смоленската област. Многумина го познаваат како поет, прозаист, композитор, автор на најразлични книги, член на Руското писателско друштво и лауреат на престижни награди. Во минатото, тој раководел со една државна фарма и го создал вокално-инструменталниот ансамбл „Кривичи“. Бил вклучен и во создавањето на меморијалниот комплекс „Поле памјати“.
Како градоначалник со двогодишен мандат, тој успеал да направи многу значајни работи за градот со воена слава. Активно учествувал во изградбата на споменик за затворениците од германскиот транзитен камп „Дулаг 184“, а бил на влезот од градот поставил крст во спомен на загинатите во војната.
По напуштањето на градоначалничката фотелја, епископот Исидор го ракоположил за свештеник. Оваа одлука не ги зачудила верниците од Смоленската епархија, затоа што г. Клименков претходно дипломирал со почести на Смоленската богословија, бил ракоположен за ѓакон, а потоа и протоѓакон поради неговите заслуги за Руската православна црква. Како ѓакон, тој продолжил да служи во покровската црква, комбинирајќи ја ѓаконијата со јавната служба.
Извор: Правмир