Посета на манастирот Св. великомаченик Георгиј, во с. Старо Нагоричане

"Посета на манастирот Св. великомаченик Георгиј, во с. Старо Нагоричане"

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј заедно со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 22. 12. 2020 година, го посети манастирот „Св. великомаченик Георгиј“ во с. Старо Нагоричане. Митрополитот г. Григориј го запозна г. Даријан Сотировски со историјата на манастирот и со неговата сегашна состојба.