Пострада уште еден свештеник во судирите во Украина

"Пострада уште еден свештеник во судирите во Украина"

За време на артилериски напад, протојерејот Владимир Креслијански, свештеник во црквата на св. Георгиј во Луганск, бил убиен. Ова било објавено на фејсбук профилот на протојереј Алексеј Слусаренко, парох на црквата на Светите маченици и исповедници Шамуна, Груја и Хабиб. Во пораката се вели:

„Пет деца останаа сираци… Ова се случи в четврток, 31 јули. Свештеникот го испраќал својот гостин. Враќајќи се дома, граната го погодила неговиот дом. Свештеникот бил ранет, и починал поради крварење… Вчера примив порака од еден човек кој лично го познавал отец Владимир: ‘Добро го познавав… Пред два дена го видов во еден јавен минибус. Тој беше вистински слуга Божји, секогаш помагајќи им на ближните, не бирајќи кому му помага’“.

Извор: Правмир.ру