Според податоците од Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, бројот на поклоници кои ја посетиле Светотроицко-Сергиевата лавра на 17 јули, во очи на денот на празнување на откривањето на чесните мошти на св. Сергиј Радоженски, бил поголем од 50 илјади (заклучно со 18 часот). Поклоници продолжувале да пристигнуваат во манастирот. Голем дел од нив останале на територијата на лаврата, и богослужбите ги следеле преку мониторите на Красногорскиот плоштад и Благовештенското поле.
Извор: Православие.ру