Во изминатите две години, со благослов на Митрополитот Новозеландски г. Амфилохиј, во градот Савени на островот Фиџи во Тихиот Океан се гради црква посветена на Света Троица. Со Божја помош и финансиска поддршка на Православната мисија, во тек е фрескоживописување на внатрешноста на храмот. Истовремено, се работи на поставување на потребните прозори и врати.
Убавината на црквата како и впечатливата појава го привлекува вниманието на возачите и минувачите, кои за прв пат во животот имаат можност да видат една православна црква. На исто земјиште како и црквата е изградено детско сиропиталиште, кое периодов се опремува со потребниот мебел и према. Отворањето на сиропиталиштето е закажно да го изврши Високопреосветениот Митрополит.
Извор: Православна мисија