Фондацијата „Православна Благовештенска клиника“ од Албанија, во својата офтамолошка и оториноларинголошка клиника започна со изведување на нови услуги од областа на офтамолошката хирургија. Спроведувањето на интервенции е на високо ниво и со современи технологии. Офтамолошката пракса во себе вклучува третирање на болести како катаракта, глауком, страбизам, халацион, конјуктивитис (со ултразвук) итн.
Во здравствениот центар на православната фондација, лоциран во строгиот центар на Тирана, се третираат заболувања од различни области, како кардиологија, пневмологија, ендокринологија, гинекологија, ревматологија, стоматологија, педијатрија и неврологија, а во склоп на него функционира и параклиничка дијагностичка лабораторија. Центарот е опремен со најсовремена технологија, и има холистички медицински пристап. Во него се вработени познати професори и лекари кои се експерти во своите области.
Извор: Orthodoxalbania.org