Православната мисија меѓу емигрантите во Москва започнала на 31 декември минатата година, кога над 40 луѓе разделиле илјадници флаери и дискови на узбекистански, киргистански и таџикистански јазик, во кои е изложено Христовото учење и потребата за примање на Свето Крштение.
Покрај разделувањето на катихетски материјал, мисионерите разговарале со емигрантите околу основите на верата и разликите меѓу православието и исламот.
„Акцијата помина во дух на љубов, не наидовме на негодувачки коментари од страна на емигрантите кои ги примија овие материјали. Напротив, голем број од нив искрено ни се заблагодарија и се фотографираа со нас“, пренесуваат организаторите.
Денес, мисионерите работаат на создавање на киргистански, таџикистански и узбекистански православни заедници во Москва, кадешто би се одржувале неделни богослужби, групи за проучување на Светото Писмо и духовни разговори на мајчиниот јазик на емигрантите.
Извор: Interfax