Секоја година белорускиот Претседател одликува различни луѓе и организации со наградата „За духовна обнова“ поради нивнoтo исклучително залагање во полето на литературта или уметноста, или активен ангажман во промоцијата, одржувањето и развивањето на националното културно наследство, родољубивото образование, одржувањето на духовните вредности и народните обичаи, хуманизмот, филантропијата и гостољубието. Годинава, како еден од петте добитници на оваа награда бил прогласен колективот на православната социјална работилница која функционира во склоп на црквата „Радост на сите оскрбени“ во Минск. Поточно, наградата им била врачена на старешината на храмот, презвитер Игор Коростилев и асистентката на Белорускиот државен педагошки универзитет, Марина Кравцова, „поради нивната работа во парохиската социјална работилница за интеграција на луѓе со посериозни заболувања.“
Парохиската социјална работилница била создадена во 1997 година како реакција на дотогашната пракса на пренесување на луѓето со некој вид на инвалидитет во посебни институции. Главната цел на проектот е создавање на услови за духовен развој, рехабилитација и општествена интеграција на лица со пречки во психофизичкиот развој.
Зградата во која се одвива работилницата е изградена со помош на УНЕСКО во 2000-та година и божикниот телетон „Деца со потреби – да помогнеме“. Денес работилницата вработува повеќе од стотина луѓе, вработени во процеси на печатење и издаваштво, изработка на свеќи, столарство и машинство, но исто така и во кулинарство и библиотекарство. Вработените се најчесто луѓе со интелектуална попреченост.
Извор: Белоруска православна црква