Литургија на претходноосветени дарови во Кратово

"Литургија на претходноосветени дарови во Кратово"

На 02.04.2021 год., петок од третата седмица на Великиот Пост, (преп. маченик Јован и другите со него, св. маченичка Фотина), во храмот на свети Јован Крстител, во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.