Литургија на претходноосветени дарови

"Литургија на претходноосветени дарови"

На 24.03.2021 год., спомен на свети Софрониј, патријарх Ерусалимски, св. маченик Пиониј и другите со него, преподобен Георгиј Синаит, во храмот Света Троица, во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.