Литургија на претходноосветени дарови

"Литургија на претходноосветени дарови"

На 26.03.2021 год., (спомен на Пренeсувањето на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски; светата маченичка Христина Персијанка; свети свештеномаченик Публиј), во храмот Света Троица, во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.