За утре, 24 август 2014 г. е закажана премиерата на документариот филм „Православието во Америка“ на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Волоколамски Иларион, на рускиот ТВ канал „Култура“.
Денес во Америка постојат неколку големи црковни јурисдикции, и над илјада православни парохии. Меѓутоа, на почетокот имало само една Православна Црква на тие простори – Руската православна црква, или, како што тогаш била позната, Руска православна грко-католична црква. Во филмот се раскажува приказната за Православието во Америка, откривајќи не толку познати детали за фактите што ги поврзуваат Русија и Америка, за животите и духовното наследство на истакнати православни подвижници чиј спомен се почитува во Америка, а кои се речиси непознати во Русија.
Како гости во записот се јавуваат поглаварот на Грчката православна архиепископија во Америка, Архиепископот на Северна Америка Димитриј, блаженоупокоениот поглавар на Антиохиската православна црква во Америка, Митрополитот Филип, првојерархот на Руската задгранична православна црква, Митрополит на Источна Америка и Њујорк Иларион, поранешниот администратор на патријаршиските парохии на РПЦ во САД, Архиепископот Јустинијан, Митрополитот на Америка и Канада Тихон, римо-католичкиот Кардинал Тимотеј, јеромонахот Александар, протојерејот Џон Бер, декан на Свето-владимирската Академија, протојерејот Чад Хатфилд, Конгресменот Кристофер Смит, Наталија Нарочнитскаја од Московската Фондација за историја, Џорџ Шереметиеф од американскиот Конгрес, директорот на издавачката куќа на св. Владимир, Теодор Ц. Базил, професорот Пол Мејендорф од Свето-владимирската Академија, како и поранешните штитеници на Домот за деца на св. Јован Шангајски, Зоја Мигал, Тамара Захарик и Џорџ Мердјанин.
Режисер на филмот е Валериј Шековцов, а наратор е Сергеј Цостретцов.
Извор: Правмир