Документарниот филм „Православието на Британските Острови“, чиј автор е Волоколамскиот Митрополит Иларион беше премиерно прикажан на ТВ каналот „Русија – Култура“ на 18 јуни годинава.
Филмот е плод на одбележувањето на годината на Руско-британска култура, и ја разработува историјата на православието на Британските Острови: покрстувањето на жителите на архипелагот, развојот на христијанството на магливите алвионски острови сѐ до шизмата во 1054 година, како и денешниот статус на Православната Црква во Велика Британија.
Во филмот говорат епископи, парохиски свештеници и парохјани, родум Британци кои се соочуваат со предизвикот да ги најдат нивните духовни корени.
Добар дел од видео-записот се фокусира и на приказните на современите богослови и подвижници кои Велика Британија му ги подари на православието – како Митрополитот Сурожски Антониј, Архимандритот Софрониј Сахаров и Митрополитот Диоклиски Калист.
Филмот е снимен од Фондацијата „Св. Григориј Богослов“, со поддршка од Федералната Агенција за новинарство и мас-комуникации.
Извор: Московска Патријаршија