Свети Ѓорѓи Кратовски

"Свети Ѓорѓи Кратовски"

На 8.06.2015 година, кога Црквата го прославува преносот на моштите на светиот новомаченик Ѓорѓи Кратовски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.