На 22 мај 2015 година, кога Црквата го слави Преносот на моштите на свети Николај Мирликијски во Бари, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.