На 22 мај 2014 година, денот кога Црквата го празнува споменот на преносот на моштите на Архиепископот Мирликијски, светиот Николај Чудотворец, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.